Активен голем пожар во близина на Пехчево, граѓаните бараат помош (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во моментов активен е голем пожар во близина на градот Пехчево, за што сведочат објавите на социјалните мрежи. Според локалните жители пожарот се шири со голема брзина и се движи кон археолошкиот локалитет „Света Петка“ и селата Умлена и Робово.

Тек да отидеш да видиш како е на лице место, цел појас од Пехчево до Делчево е зафатен, 10 километри и повеќе се протега линијата…овој пожар може ќе се стави најтешко под контрола“, пишува еден корисник на социјалните мрежи.

„Моментално се случува ова во близина на Пехчево. Не можеме сами, ни треба помош”, апелираат локалните жители од Пехчево.

Слични содржини