Aктивен пожарот кај струшката населба Елен Камен

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило.

– Засега нема опасност за викендичките и куќите во населбата Елен Камен, информираат од ТППЕ – Струга за МИА.

Иако побарале помош од надлежните институции, струшките пожарникари велат дека се сами на терен.

Пожарот кој вчера напладне избувнал во шумата на патот кон селото Радожда, во близина на викенд населбата Елен Камен, предизивикал страв кај жителите, поради проширување кон куќите.

Силниот ветер дополнително ја отежнувал работата на пожарникарите и ги ширел пламените јазици.