Активисти на Беса пријавиле пукање во Арачиново

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Ативисти на партијата Беса синоќа пријавиле во полиција дека додека лепеле плакати во селото Арачиново, во нивна близина застанало возило „голф“, од кое непознато лице истрелало еден куршум од огнено оружеј, по што заминало во непознат правец.

Активистите, како што информираат од МВР, на местото нашле чаура, која ја однеле во полициското одделение во Арачиново.

 Од МВР велат дека се преземаат мрки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Инаку, од МВР информираат и дека ноќеска, четириестина минути по полноќ, на булеварот Први мај во Битола, полициска екипа од СВР Битола затекнала три лица, на возраст од 22 до 29 години, како со црн спреј прскале на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на СДСМ.

Против тројцата битолчани се поднесени прекршочни пријави по член 49 од Изборниот законик.

Мета