Активисти сплотени во Иницијативата „Подобро за Тетово“ ќе настапат со заедничка листа на локалните

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Група граѓани на општина Тетово ќе настапат со заедничка листа на независни кандидати на претстојните локални избори. Во Иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30-ина активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области, кои се одлучиле да го дополнат нивното вонинституционално делување.

„Ние сме група граѓани кои го сакаме најдоброто за Тетово и затоа сме здружени, принудени да се активираме како реакција на дегрдацијата на целокупната состојба во која се наоѓа нашата општина. Ние сме активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области и сме одлучиле нашето вонинституционално организирање и делување да ја дополниме со делување и во нив“, велат тие.

Општината е институција каде добива насока и значење развојот на нашиот град. Општинските институции имаат суштинско влијание во нашите животи бидејќи се токму тие кои ја определуваат и треба да ја гарантираат благосостојбата.

Иницијативата #Подобро за Тетово е назависна од политичките партии. Ние ќе настапиме во изборната трка за општинскиот совет со список на независни советници. На овој начин, заеднички ќе работиме постанувајќи гласот на граѓаните кои беа изоставени од одлучувањето. Секојдневно ќе се залагаме за одговорност на избраните челници на општината, барајчи нивна отчетност и транспарентност. Иницијативата #Подобро за Тетово е нашата покана до сите граѓани за здружување за општо добро, истакнуваат од Иницијативата