Активистите победија – багерите повлечени од Кожуф

од desk2
20 прегледи

Приватната фирма која изнајмувала машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла, објавија денеска активистите кои се бореа за спас на Дошница.

„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, велат од групата „Спас на Дошница“.

„Но, битката не е завршена. Сега гледаме право во очи на ЈЕС ДООЕЛ – Хидро Дошница:

Повлечете се, или народот ќе ве повлече! Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје.

НИЕ НЕ СЕ ТРГНУВАМЕ, НИТУ ОТСТАПУВАМЕ.

Ќе стоиме ДО КРАЈ, со глас, со тело и со срце!

Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа“ стои во објавата.

Слични содржини