Активистка доби условна казна поради спречување на шинтери при заловување на куче

од Nikola Popovski
392 прегледи

Активистка за заштита на животните доби условна казна затвор поради реакција во моментот кога две лица од струмички стационар ЈП Лана се обидувале да заловат две бездомни кучиња.

-И покрај сите мои напори да ја докажам вистината, Основниот суд во Струмица сепак, моите докази и искази ги сметаше за ирелевантни и донесе пресуда: 3 МЕСЕЦИ ЗАТВОР или АЛТЕРНАТИВНО 1 година УСЛОВНО поради тоа што сум попречила службено лице при вршење на службена должност, кое не се легитимирало, ниту имало било какво обележје, во моментот на заловување било вработено во прифатилиште кое нема дозвола за работа и управувало со нерегистрирано возило. Дополнително што, во пресудата е наведено дека судот со ОСОБЕНА ВАЖНОСТ ја цени изјавата на градоначалникот на Општина Струмица, но како олеснителна околност за мене го зема фактот дека сум била долгогодишен активист, објави Љубица Јанчева, која воедно е и основач на Здружението за заштита на животни АНИМАЛ ЛАВЕРС.

Од „Анима мунди“ велат дека активистката згрижувала, помагала и вдомувала кучиња од улица и се шокирани од третманот на градоначалникот Костадин Костадинов.

-Апсурд, срам за Основниот суд во Струмица што и покрај сите приложени докази, факти дека ЈП Лана незаконски постапувала без дозвола за работа, со нерегистрирано возило и никакви обележја што за секој со здрав разум би ја оправдало реакцијата на граѓанин. Повеќе од очигледно дека за судијата е попречување на службена должност своевремено незаконска, се вели во соопштението од организацијата.

Слични содржини