Во моментов во земјава има активни 14.077 случаи на заразени со Ковид-19. Најмногу заразени има во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, додека најмалку има во Демир Капија, Пехчево и Дојран.
Според последните податоци во Скопје има 5392 активни случаи, во Куманово активни се 892, Прилеп 239, Тетово 2016, Битола 258, Велес 214, Гостивар 1221, Кавадарци 195, Охрид 423, Штип 184, Струмица 693, Струга 518, Кочани 120, Кичево 616, Гевгелија 75, Неготино 42, Свети Николе 102, Ресен 118, Крива Паланка 30, Радовиш 111, Берово 28, Делчево 48, Дебар 234, Виница 40, Пробиштип 42, Валандово 30, Богданци 28, Крушево 21, Демир Хисар 10, Демир Капија 3, Кратово 59, Македонски Брод 54, Пехчево 5, Македонска Каменица 15 и во Дојран 1 активен случај.
Од почетокот на пандемијата досега во земјава заболеа 175.624, а починаа 5.901 лица. Состојбата повторно станува аларматна, секојдневно се бележи голем број на хоспитализирани лица, а надлежните се повеќе апелираат за вакцинација.