Активни два пожари во земјава, еден е под контрола

ЦУК: Активни два пожари во Македонија

од Nikola Popovski
40 прегледи

Сè уште се активни два пожари во земјава – гори во Велес и Македонски Брод. Под контрола е ставен пожарот кај Николиќ, дојранско. Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојба со пожари на отворен простор – 16.07.2025 до 08:00 часот, вкупно се евидентирани 21 пожари.

Од 21 пожар, активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 18.

Активни пожари има во Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума); и во Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Утре завршува јавниот повик за пријавување на огласот за ангажирање 400 луѓе за гаснење пожари.

-Значајно е дека со нив треба да носат потврда, медицинска потврда од матичниот доктор, во којашто се потврдува дека не боледуваат од тешки болести, којшто би им пречеле во работењето на оваа исклучително одговорна задача. Други документи не се потребни. Од оние кои ќе покажат интерес за оваа работа ќе ги избереме најдобрите и ќе може да бидат примени како професионални пожарникари во локалните Територијални противпожарни единици. Најдобрите од нив, особено оние кои што гравитираат во Скопје и околината, ќе имаат можност да конкурираат и да бидат дел од новата специјална единица за заштита и спасување, која што е во фаза на формирање, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.