До 18:00 часот, на територијата на државата регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е еден, а изгаснати се 21 пожари, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Активи се пожарите кај Дрџински рид, м.в. Стојково, с. Русиново во Општина Берово, каде гори дабова, букова шума и папрат, близу с. Никуштак, Липковско е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, кај селата Варвара и Драчевица, во Општина Студеничани опожарена е мешана шума и ниска вегетација. Во Општина Струмица помеѓу селата Муртино и Банско пожарот зафатил ниска вегетација, стрништа горат во село Фалише во Општина Тетово и ниска вегетација во Општина Долнени во село Секирци.
Под контрола е пожарот на дивата депонија Вардариште во Општина Гази Баба.
-Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена и мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане: с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК.