Активни три пожари, сè уште гори на планината Готен

од Nikola Popovski
17 прегледи

Според последните информации од Центарот за управување со кризи активни се три пожари во земјава и тоа во општините Василево, Прилеп и Кавадарци.

Еден е под контрола, а 24 се изгаснати. Најзагрозени подрачја се малешевските планини, околината на Прилеп и просторот меѓу селата Галиште и Ќесендре.

Интервенциите се отежнати поради непристапен терен и опасност од детонации. Во гаснењето вчера чешкиот „Блек хок“ хеликоптер интервенираше од воздух, поддржан од копно од пожарникарите од Словенија.

Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Беровo.

Слични содржини