Преку безбедни коридори се евакуираат македонските граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина.
Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба.
Вчера, две семејства од Одеса преку коридор обезбеден во координација со Владата на Бугарија се евакуирани, а шест други македонски граѓани се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде треба да продолжат кон Бугарија, а оттаму кон земјава.
-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, напиша вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук”.
Од МНР апелираат оние македонски граѓани, кои се во можност, да се упатат кон Одеса и да се јават во просториите на Генералниот конзулат на Бугарија од каде се уште има активни коридори за евакуација.