Акциите на Славија ќе се продаваат, вели Асани

од Берта Китинска
258 прегледи

Управниот одбор на АУОИ врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека АУОИ се откажала од продажбата на акации, туку дека ќе ги следи законските основи за постапување, појаснува директорот на АУОИ Фатон Асани и вели дека против поранешниот сопственик на акциите е донесена првична пресуда за одземање на акциите на АД „Славија“ заради сторено кривично дело, односно противправно земање на акциите преку неговата фирма АД „Славија 2“.

Тој додва дека сега номиналната вредност на акциите на АД „Славија“ е проценета на 51 евро.

-Согласно Правилникот на АУОИ, доколку во период од 12 месеци пред денот на објавувањето на продажбата на акциите немало тргување на берзата, почетната цена се утврдува во висина на номиналната вредност на акциите со кои ќе се тргува во следните пет последователни трговски дена. Доколку и по првите пет трговски дена на берзанската аукција останат непродадени акциите, АУОИ може во наредните пет трговски дена да ја намали цената на акциите за 25 отсто од номиналната вредност на акцијата, се до нивната крајна продажба.АУОИ ги стави акциите на АД „Славија“ и на други 10 компании на берза поради главната забелешка во Ревизорскиот извештај за работењето во Агенцијата според која АУОИ не вршела продажба на акциите. Должни сме да ги продаваме акциите и на секои 12 месеци да објавуваме продажба на акции и да ги уплатиме средствата од нивна продажба во Буџетот, вели Асани.

Нагласува дека секој потенцијален купувач на акциите може да се обрати до Управниот и Надзорниот одбор, како и до директорот на АД „Славија“ за да се запознае со состојбата на компанијата, бидејќи ќе купува мнозински пакет акции од 98 проценти. Не е должност на АУОИ потенцијалните купувачи на акциите да ги запознае со долговите на име на камати што ги има АД „Славија“ кон доверителите и посочува дека тоа е ризик на потенцијалниот купувач.

Слични содржини