Акцијата на МВР која вечерва се случува во скопското село Арачиново е поврзана со марихуаната украдена од валандовското село Јосифово, потврдуваат извори од полицијата за неколку медиуми.
Пред неколку дена непознати лица украле голема количина марихуана од магацин во Јосифово и ги изнеле со камион. Таму се чувала легално произведена марихуана. Првично полицијата не соопштуваше детали, а чуварот на погонот пријавил дека станува збор за грабеж.
Десетици припадници на специјалните и посебните полициски сили вечерва се на терен, каде се спроведува акцијата, јавија претходно медиумите на албански јазик кои се налице место.
Официјална информација од МВР сѐ уште нема за акцијата. Оттаму само ја потврдија акцијата за МИА и најавија дека деталите ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.