Акцијата во скопското село Арачиново, во која се вклучени и припадниците на специјалните единици, продолжува и денес.
Според првичните неофицијални информации, уапсени се неколку лица.
На неколку локации полицијата извршила претреси и денеска.
„Уште се постапува во врска со акцијата во која е запленета поголема количина марихуана. Кога акцијата ќе заврши целосно, ќе соопштиме повеќе информации“, соопштија од МВР.
МВР од синоќа спроведува голема акција каде е пронајдена голема количина марихуана, но се уште нема детали од полицијата, иако според неофицијални информации се работи за дрога, украдена во петокот по полноќ од склад за преработка на канабис во валандовско Јосифово.
Камионот пак, од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, е пронајден на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце. Полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како МВР ја изнесува марихуаната со оклопни возила и големо полициско обезбедување.
@besarmassllani1