Акциска контрола на МВР, пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва

од Берта Китинска
195 прегледи

Во текот на 20.09.2022, полициски службеници на СВР Битола спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и лишени од слобода биле четири лица.

Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава” без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу 4 м3 огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево.

Во атарот на с.Крапа, општина Македонски Брод, на место викано „Барбарас“, од слобода биле лишени В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од с.Ропотово, прилепско и М.Р.(23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва. Од нив биле одземени моторна пила и околу 4 м3 исечено огревно дрво без документација.

Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на с.Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со 5 м3 бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени 4 м3 огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини