172
Денеска (09.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.
При контролата, приведени се четири лица од кои три малолетни, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П.Р.(25) од Неготино бил пронајден кокаин.
Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица.
Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.