Акцизата за горивата ќе се намали, ако пратениците го сменат законот

од Берта Китинска
158 прегледи

Цените на горивата ќе се намалат, доколку се изменат законските решенија.

Доколку пратениците го сменат законот ќе се воведе ДДВ од 5 отсто за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен гас и метан, а се намалува и акцизата врз основа на берзанските цени, така што дизелот ќе се намали од 85,5 на 75 денари, а бензините од 91,5 денари ќе се намали на 85 денари.

-Измени на законот за акциза и законот за ДДВ ќе бидат испратени до Собранието. Сите пратеници имаат одговорност пред сите граѓани на оваа држава. Се наоѓаме во најголемата економска криза. Најголемите извозници на гас и метал се во војна. Одговорноста на сите партии е да го поддржат овој пакет мерки кој чини 400 милиони евра, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски соопштувајќи го новиот пакет мерки со цел да се спречи ценовниот шок.

Слични содржини