Ал Хилал го сака Бруно Фернандеш

од Nikola Popovski
174 прегледи

Ал Хилал „нишани“ кон ново засилување од Премиер лигата, пренесуваат британските медиуми. Клубот од Саудиска Арабија е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец, Бруно Фернандеш.

Фернандеш (29) е член на клубот од „Олд Трафорд“ од јануари 2020 година и има одиграно 215 натпревари и постигнато 71 гол. Португалскиот фудбалер оваа сезона за Манчестер Јунајтед настапи на 30 натпревари во сите натпреварувања, а седум пати се најде на листата на стрелци.

Британските медиуми пренесуваат дека Фернандеш наводно веќе одбил една понуда од првиот човек на Ал Хилал. Сепак, раководството на клубот од Ријад повторно ќе се обиде на крајот на сезоната да го ангажира.

„Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус е многу заинтересиран да го ангажира Фернандеш, со кого веќе работеше додека го водеше Спортинг во сезоната 2017/2018“, пишува „Дејли Стар“.

Фернандеш има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, со можност за продолжување на уште една сезона.

Ал Хилал моментално е на првото место на табелата во домашното првенство со 53 бода од 19 натпревари.

Најголема ѕвезда на клубот е повредениот Нејмар, а тука се и Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Бону, Рубен Невес, Ренан Лоди, Калиду Кулибали…

Слични содржини