13
Нејмар ја имаше најлошата година и пол во фудбалска смисла, бидејќи тешко се повреди во Ал-Хилал, одигра само седум натпревари, мина 428 минути на теренот, а денеска и официјално го раскина договорот со шампионот на Саудиска Арабија.
Сепак, финансиски никогаш не поминал подобро, а „Марка“ ексклузивно објави дека Ал-Хилал на Бразилецот му платил 65 милиони долари како обештетување за раскинувањето. Кога ќе се додаде дека на ПСЖ му платија 90 милиони, Ал-Хилал потроши многу пари и не доби ништо. За среќа, другите фудбалери брилјираат, па резултатите не трпат.
Нејмар се враќа во Сантош, потпишувајќи договор до 2026 година со цел да се врати во форма и да биде подготвен за Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра на американско тло.