Арапските медиуми објавија, а шпанските ги потврдуваат, дека саудискиот клуб Ал Хилал ќе направи сè за да ги доведе двете клучни фигури од Реал Мадрид ова лето.АлХилал, кој го донесе Нејмар од ПСЖ за 90 милиони евра во летото 2023 година, сега има намера да ги собори сите рекорди. Саудијците наводно му понудиле на Реал Мадрид неверојатни 800 милиони евра за Карло Анчелоти и Винисиус Жуниор.
Оваа понуда, која вклучува бонус за евентуално потпишување на договор од страна на Винисиус, има за цел да го убеди Флорентино Перез да му дозволи на Анчелоти да ја преземе тренерската позиција во клубот, како и да го доведе бразилскиот напаѓач во Ријад. Винисиус има договор со Реал Мадрид до 2027 година и наводно започнал преговори за нов, но тие не напредуваат како што се очекувало. Саудијците се надеваат дека ќе успеат да го привлечат Бразилецот со фантастични финансиски понуди.
Во исто време, Ал Хилал неодамна го отпушти Хорхе Хесус од функцијата главен тренер и сега бара големо тренерско име. Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти ги замрзнал преговорите со Бразилската фудбалска асоцијација поради понудата од Ал Хилал, што значи дека оваа опција не е целосно исклучена за него.
Анчелоти се очекува да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, но засега не е познато каде ќе продолжи неговата кариера. Ако не го прифати предлогот за да ја преземе Бразилската репрезентација, наводно, тоа би можел да го направи Хорхе Жесус, што ќе ги отвори вратите за Анчелоти да замине на Блискиот Исток.