Ал Хилал триумфираше со титулата во Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba
512 прегледи

Тимот на Ал Хилал по четврти пат во последните пет години и вкупно рекорден 19-ти пат во својата историја ја освои титулата на шампионатот на Саудиска Арабија.

На три кола до крајот, најуспешниот тим во домашното првенство е недостижен на врвот на табелата со 89 бодови – 12 повеќе од второпласираниот Ал Наср, во кој настапува Кристијано Роналдо.

Сепак, Ал Хилал покажа нескротливост цела сезона, сега има 29 победи и две нерешени во 31 натпревар. Екипата вечерва на домашен терен го совлада Ал Хазем со што го обезбеди и шампионскиот трофеј.

Слични содржини