Ал Тани го исмева Реал: Дајте пари или играјте со голфeрот

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Калифот Ал Тани, братучед на сопственикот на „светците“ Насер Ел Келаифи, се обиде да го исмее Реал Мадрид поради понудата за Килијан Мбапе.

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид испрати официјална понуда за Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, беше објавено во вторникот вечерта.

Мбапе веќе четири години е во ПСЖ, а Реал веќе некое време собира пари за да го донесе суперталентираниот Французин.

Флорентино Перез и Реал заштедија и издвоија 207 милиони евра, а во вторникот Фабрисио Романо, познат фудбалски инсајдер, објави дека досега се понудени 160 милиони евра.

Тоа не е сума што ги задоволува апетитите на Парижаните, судејќи по пораките на Ал Тани.

„Ако ја прифатите утврдената цена … Контактирајте не… Или завршете ја сезоната со голферот“, напиша Ал Тани, алудирајќи на изјавите на Герет Бејл дека голфот му станал поинтересен отколку фудбалот.

Парижаните дадоа до знаење дека нема да брзаат иако договорот на Мбапе истекува следното лето, а навивачите на Реал не беа воодушевени од оваа жестока шега.

Потсетија дека „голферот“ има 4 Лиги на шампиони со Реал, и дека ПСЖ се уште сонува за тој пехар.

Инаку, Ал Тани беше првиот што го потврди трансферот на Меси во ПСЖ, а сега ги провоцира фановите со загатката дека Меси и Роналдо би можеле да станат соиграчи.

Слични содржини