45
Дефанзивецот на австриската репрезентација Давид Алаба поради повреда не се најде во составот за Европското првенство во Германија, но е дел од тимот како „капитен кој не игра“.
„Доживувам сè, како да сум таму на теренот. Очекувам од себе да му помогнам на тимот што е можно повеќе. Мојата улога во тимот не е многу променета, но разликата е во тоа што сега не сум на теренот“, сподели Алаба.
Австрија ќе се соочи со Турција во осминафиналето на ЕП 2024. Натпреварот се игра на 2 јули во Лајпциг.