Прес конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ

Повикуваме заменик министерот за култура веднаш да ја поништи Годишната програма потпишана од министерката за култура во заминување Канческа Милевска.
Го потсетуваме заменик министерот за култура Драган Недељковиќ дека програмата е потпишана од лице осомничено од СЈО, кое изршува две функции министерка и пратеничка.
Има и нешто поскандалозно.
По нашите охрабрувачки повици да не се молчи за незаконското правење на Годишната програма, ги добивме овие сознанија:
– Комисиите преку коишто одело одлучувањето за средствата во Годишната програма, имале политички притисоци!
– Конечните листи, според нашите информации, им биле одземени на комисииите и биле довршени во кабинетот на министерката во заминување!
Не може заменик министерот за култура да не е запознаен со ништо од ова што го правела Канческа Милевска. Потенцираме дека е недозволиво парите во Годишната програма да се делат тајно и нејасно, како за оние кои се одбиени, така и за автори кои фигурираат во добитници, но не знаат ни дали добиле доволно средства, ниту ако не добиле – зошто е така.
Потсетуваме дека веќе еднаш имаше поништување на резултатите на Комисијата за издавачка дејност, во 2007 година. Тоа е нешто што е позната пракса.
Со оглед на околностите под коишто е носена и донесена програмата, очекуваме поништување на Годишната програма за култура во целост – да се формираат нови комисии и да се направи преоценување на проектите на транспарентен и законит начин.