Цариниците во Србија, во соработка со граничната полиција, на граничниот премин „Прешево“, откриле обиди за криумчање наркотици.

Запленети се повеќе од 20 килограми дорга, од кои 19 кг марихуана и еден килограм хероин.
Во неделата попладне цариникот во детална проверка на „мерцедес А класа“, со албански регистарски таблички, кој на преминот стигнал од Македонија, нашол 26 пакети со марихуана, и два пакети со хероин.
Недолго по овој обид за криумчарење, сопрен е и босански државјанин во „пежо“ со словенечки регистарски таблички, а во возилото се најдени три пакети марихуана со околу 4 кг дрога.