Барселона ќе започне ново поглавје во својата историја, бидејќи за прв пат по 18 години, Лионел Меси нема да биде во тимот. Токму затоа пред првиот натпревар во новата сезона против Сосиедад се наметнува едно важно прашање, кој ќе го земе бројот 10 што го носеше Аргентинецот? Засега најблиску е Албанецот Реј Манај.
Најдобриот играч на светот ги спакува куферите и замина во Париз, каде што стана нов играч на ПСЖ.
Меси го сотави и дресот со „светиот“ број 10 без никој кој може да го замени, барем така мислат челниците на клубот.
Во однос на овој тим што играше на турнирот Гампер, едно ново име беше префрлено од Барселона Б, а тоа е Реј Манај, центарфор кој постигна четири гола во подготвителниот период.
🔵🔴 The squad numbers for the Joan Gamper Trophy! Sunday at 9:30pm CEST
Watch it LIVE on Barça TV+
🖥 https://t.co/38nUnHAZkq pic.twitter.com/m5AMNqhCUT— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2021
Поради правилата што постојат во Примера, тој е најблиску да ја облече десетката што му припаѓаше на Меси. Имено, правилото во Примера вели дека клубот за натпревар мора да има 25 играчи регистрирани под редни броеви од еден до 25.
Сепак, постои отстапка со цел Барселона да ја задржи десетката, но така би морало да продадат свој играч пред натпреварот со Сосиедад, што не е многу изводливо во теорија, со оглед на тоа дека остануваат уште помалку од 10 часа до играта.
Меѓутоа, ако Барселона продаде играч, тогаш ќе има 24 регистрирани играчи во тимот, што значи дека десетката може да остане недопрена.