Припадник од албанска националност истрчал на теренот на почетокот на продолжението од синоќешниот полуфунале натпревар од Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, па така го прекина спектакуларниот натпревар на „Сантијаго Бернабе“ меѓу двата ривали.
Тој трчал низ теренот со развиорено знаме, додека не бил совладан од обезбедувањето.
Според информациите, човекот очигледно успеал да го добие тоа што го сака, а тоа бил играчот на Реал, Карим Бензема. Тој притрчал во неговите прегратки. На фотографиите можело да се забележи дека на неговата јакна е испишано презимето на Бензема.
Судијата на кратко го прекинал мечот, но не дошло до проблеми од поголеми размери.
— SportBot (@SportBot11) May 4, 2022