„Албаниан пост“: Квинтата и ЕУ подготвиле план за деескалација на северот на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Земјите од Европската унија и Квинтата подготвија план од осум точки со цел да се смири ситуацијата на северот на Косово, а во првата точка се вели дека „Косово и Србија треба да се придржуваат до спроведувањето на основниот договор“, додека посебен фокус е на точките 1, 3, 7 и 9, пренесува „Албаниан пост“.

Понатаму, се наведува дека косовските власти треба да ги повлечат специјалните полициски сили, што треба да го направи и војската на Србија, како и да го смалат бројот на војници на административната линија на нормала.

Третата точка вели дека „редовната полиција“, потпомогната од КФОР и ЕУЛЕКС, е одговорна за безбедноста на теренот.

Слични содржини