Албанија ги укинува сите мерки: Влез за туристи без никакви ограничувања и услови

од Берта Китинска
372 прегледи

Албанија ги отвори своите граници за туристите без никакви услови за влез во земјата.

Соопштението од Министерството за надворешни работи прецизира дека негативен тест за ковид 19, или какви било посебни документи, нема да биде потребен за влез во Албанија.

Министерството наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона, пренесува албански Daily News.

Од 1 јуни повеќе не е задолжително носење маски надвор, но тие се задолжителни да се носат во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца.

Времето на полициски час е скратено и сега трае од 23 до 6 часот наутро. Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно од 24 на 6 наутро.

Слични содржини