Финалето во Лигата на конференции првично беше планирано да се игра во Тирана, но според грчките медиуми, Атина е голем фаворит за „преземање“ поради кризата во Албанија.
Информацијата за евентуален трансфер на финалето за грчка „Газета“ ја пренел Ено Скарзо, новинар од Албанија, кој тврди дека УЕФА се посериозно размислува за оваа одлука.
По првите извештаи, англискиот сајт „Инсајд фудбал“ направи мало истражување и откри дека голем проблем за УЕФА е кризата која во моментов се случува во Фудбалски сојуз на Албанија. Ено Скарзо од Албанија тврди дека е само прашање на време кога УЕФА ќе го официјализира ова соопштение, а најголем фаворит во моментов е Атина.
– Ќе се одржи состанок на УЕФА, на кој ќе се донесе одлука за поместување на турнирот. Оваа средба ќе се одржи попладне, а како што сега стојат работите, големи се шансите да дојде до промена. Се е последица на загриженоста на луѓето од УЕФА, кои се загрижени поради тоа што Албанскиот фудбалски сојуз е во криза, бидејќи нивниот претседател Арманд Дука е обвинет за корупција поради политички скандали.
– Чеферин минатиот месец ја посети Тирана, разговараше со премиерот Еди Рама, на која јасно му нагласи дека таков настан во Албанија не може да се одржи без раководството на Фудбалскиот сојуз. Грција, пак, има најголеми шанси да го добие финалето, но само Атина, не и другите градови. По Грција, на „маса“ е и С. Македонија, но наскоро ќе знаеме многу повеќе, изјавил Ено Скарзо за грчките медиуми.