Министерството за надворешни работи информира дека министерот Бујар Османи ќе претседава со завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5) со кој се заокружува претседавањето на Северна Македонија со А5 за 2023 година.
Во фокусот на разговорите ќе бидат достигнувањата и иднината на Повелбата како и актуелните состојби во Западен Балкан.
Во иницијативата, покрај Северна Македонија, земји- членки се и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, додека Косово, Словенија и Србија имаат статус на земји-набљудувачи. Посебна политичка тежина на иницијатива дава членството на нашиот стратешки партнер, САД.
Согласно воспоставениот принцип на ротација, во 2024 година претседавањето со САД-Јадранската Повелба ќе го преземе Република Албанија.