35
Албанија ја засилува употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во своето управување за да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија и да се справи со корупцијата, соопшти владата на земјата.
Албанскиот премиер Еди Рама минатиот месец ја објави можноста за создавање министерство целосно управувано од вештачка интелигенција, опишувајќи ја ВИ како „најефикасен иден член на владата“, пишува бриселски „Политико“.
„Еден ден, можеби дури и ќе имаме министерство целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси“, рече Рама на прес-конференција во јули, зборувајќи за дигитализацијата.