Албанија продолжува со увоз на електрична енергија

од desk4
95 прегледи

За задоволување на потребите од електрична енергија, Албанија продолжува со увоз на електрична енергија.

Албанската електрокорпорација,КЕШ соопшти дека за месец август договорен е увоз на 22.320 мегават часови електрична енергија по минимална цена од 46,99 и максимална цена од 49,33 евра за мегават/час.

Просечната цена по мегават е 48,8 евра, а крајната вредност на договорот е нешто над милион евра.

КЕШ минува низ тешка година поради неповолната хидролошка состојба на каскадата на реката Дрим, на која се трите Хидроелектрани „Фиерза“,која е втора по големина на Балканот, по онаа на Дунав, ХЕ„Коман“ и „Вау те Дејес“. Поради тоа речиси во текот на целиот изминат период од оваа календарска година е принудена да увезува електрична енергја.

Во текот на месец јули КЕШ од увоз обезбеди 10.200 мегават/часови електрчна енергија, по цена од 55,7 евра мнмална цена од 46,4 евра за мегават/час,во вкупен износ 537.000 евра.

За првите шест месеци од годинава пак фактурата за увезената електрична енергија изнесува над 100 милиони евра со ДДВ.