Албанија прогласи национален празник поради Конференциска лига

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Албанската влада прогласи национален празник следната среда, кога во Тирана ќе се игра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд.

„Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за најпримерно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи.

На натпреварот се очекува да присуствуваат до 100.000 италијански и холандски навивачи. Секој клуб доби по 4.000 влезници за финалето на третото европско клупско натпреварување.

Капацитетот на Националната арена во Тирана е 20.000 седишта.

„Ги преземаме сите мерки да го направиме денот празник за сите, не само за италијанските и холандските навивачи“, додаде Чучи.

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја избра Тирана за домаќин во декември 2020 година, една година по отворањето на стадионот и пред клубовите да се квалификуваат за новото натпреварување.

Слични содржини