Албанска државјанка фатена со марихуана во Тетово

Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава

од Nikola Popovski
11 прегледи

На 13.11.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово. При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.

Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.