285
Албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка изјави дека жртвите во денешната несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 лица, се Албанци од Северна Македонија.
Тоа го напиша на својот Фејсбук профил, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите и додаде дека Албанија и С. Македонија се „блиску во овие тешки моменти“.
Најмалку 45 лица загинаа во Бугарија утрово околу 3 часот кога автобус со македонски регистерски таблички се запали на автопатот од Софија кон Благоевград.
Седум лица се повредени и згрижени во болницата „Пирогов“ во Софија.