Албански државјанин понудил поткуп на „Ќафасан“, по што бил приведен

Возач oставил пари на шалтер и се обидел да поткупи полицајка

од Nikola Popovski
5 прегледи Фото: МВР

На 27.12.2025 околу 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(41) од Република Албанија. При гранични проверки и пасошка контрола, тој на полициската службениничка и понудил поткуп, односно преку прозорот од кабината на бирото оставил пари.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.