На територијата на Европа има терористички ќелии кои и се подготвени да извршат веднаш напади врз кои било западни цели. Ова признание во преносот на италијанска телевизија “Ле Лен” ја направи албански џихадист.Тој одби да прецизира дали е од Албанија или Косово.
Нападите биле планирани, бидејќи Европа се претворила во азил за “хомосексуалци, педофили, алкохоличари и наркомани”. Според албанскиот џихадисти ниту еден муслиман не може да ги толерира навредите против пророкот Мухамед. Тој призна дека во името на оваа цел – заштита на Мухамед, тој е подготвен да загине. Албанецот тврди дека Сирија се претвори во држава каде што се собираат џихадисти од целиот свет.
“Во камповите за обука може да влезеш или излезеш кога ќе посакаш. Сам избираш обука – како да се справиш со различни видови на оружје. И херојот е оној, кој ги штити името на Алах”, рече уште албанскиот џихадист.
