Албанските гангстери веќе две децении го контролираат пазарот на кокаин во Велика Британија, а единствен исклучок е Ливерпул, пренесува англиски „Сан“. Неименуван експерт кој се занимава со борбата против криминалните банди изјавил дека албанските гангстери се веројатно најсилни во северен и источен Лондон, но и во Манчестер.
– Албанските криминални кланови ги има насекаде во Велика Британија, но не можат да влезат во Ливерпул, кој го држат локални гангстери – тврди експертот за „Сан“.
Меѓу албанските кланови се издвојуваат „Хелбенијанц“ од источен Лондон, кои на Инстаграм се фалат со скапи автомобили, оружје и големи суми пари, пренесува „Независне“.
Во 2020 година, полицијата ја проби апликацијата за шифрирана комуникација „Encrochat“ и уапси многу дилери на дрога од Ливерпул.
– Криминалните кланови на Ливерпул сега се ослабени, а тоа би можело да ги мотивира Албанците да се обидат да ја преземат контролата врз овој пристанишен град, кој претставува огромен пазар за кокаин, тврди експертот.