Албански министер: НАТО да подготви пристап доколку српската армија влезе во Косово

од Nikola Popovski
568 прегледи

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши рече дека НАТО или ЕУ, како и Албанија, треба да подготват пристап „за да не останат нејасни кога српската војска ќе се приближи до границата на Косово“, пренесе приштински „Лајми“.

Говорејќи на состанокот на министрите на НАТО во Брисел, Пелеши тврдеше дека Косово е држава во целосна смисла на зборот, има свои закони и треба да се признаат неговите напори да обезбеди ред и безбедност за сите граѓани.

Албанскиот функционер зборуваше и за се поголемата улога на Русија и Кина на Балканот.

„Овие две земји ги зајакнуваат своите стратешки цели во нашиот регион преку историски, културни, економски врски или преку нивното влијание во земји или делови од регионот“, рече Пелеши.

Слични содржини