ДУИ бара усогласување на текстот на предложената Резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ меѓу сите парламентарни партии, додека АА и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието.
Според координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, потребно е усогласување на резолуцијата меѓу сите парламентарни партии како гаранција дека текстот нема да му наштетува на чекорењето на државата кон ЕУ. Тој смета дека не треба да се прави ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата.
-ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено, цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата меѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече вчера Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Oд Алијанса велат дека за документот ќе одлучуваат партиските тела, но тој не смее да ги наруши односите со Бугарија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи Резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, која што се уште е во дрфат верзија, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена. Начелна поддршка доби од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС.