Граѓаните на Албанија и Косово ја предводат листата на кандидати од Западен Балкан за азил во земјите на Европската унија, во првите три месеци од годинава.
Според последниот извештај на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA), бројот на баратели од Албанија и Косово е многу висок во споредба со другите соседни земји, како што се Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, пишува „Гласот на Америка“.
Според тој извештај, албанските државјани во март поднеле 624 барања за азил до земјите од Европската унија, додека од Косово имало 513 барања. Од останатите земји, имало 340 барања од Северна Македонија, 272 од Србија, 109 од Босна и 37 од Црна Гора.
Во февруари годинава во една од земјите на Европската унија биле регистрирани 744 барања за азил од албански државјани, додека во јануари биле регистрирани 648 барања.
Од околу 2.016 барања на албански државјани од јануари до март годинава, дел се разгледани, додека 2.752 барања се уште се во тек.
Испитаните случаи на Албанци имаат најмал број прифатени барања за азил во земјите од Европската унија, кој не надминува еден процент од барањата.
Според податоците на Агенцијата за азил на Европската унија во 2023 година, во една од земјите на Европската унија биле поднесени вкупно 9.145 барања на албански државјани.
Според податоците на „EUAA“ најголем интерес на албанските граѓани за барањата за азил, како во последните, така и во првите три месеци од годинава, има во земјите како Франција, Италија и Германија.
Покрај во Европската Унија, тенденција на Албанците да бараат азил во текот на 2022 и 2023 година имало и во Велика Британија, каде се проценува дека на разгледување чекаат од 16 до 20.000 барања.
Годинава, според британските власти, незначителен е бројот на Албанци кои илегално влегле во Англија преку каналот Ла Манш.