Азил во Европската Унија (ЕУ) во 2021 година побарале вкупно 648.000 лица, од кои 16 илјади потекнуваат од земјите од Западен Балкан, соопшти Агенцијата за азил на Унијата.
Албанија е земјата од која пристигнале најмногу барања за азил, вкупно 8.920 во 2021 година, додека тој број во 2019-та бил 17.295.
Следи Северна Македонија со 3.090 барања за азил, што е за нешто над 200 лица повеќе отколку 2 години пред тоа – 2.825 и воедно е една од трите земји од Западен Балкан во кој има раст во барањата за азил во земјите од ЕУ.
Следи Србија – 2075 лица побарале азил минатата година додека тој број изнесувал 4.365 во 2019-та.
Во Косово бројките се 1.640 (2021) и 2.945 (2019), во БиХ им мало зголемување за период од 2 години (1.575 – 1.560), додека во Црна Гора само 260 лица побарале азил, додека 2 години порано таа бројка изнесувала 240.