Албеу: Грците се радуваат на „победата“ :Го прошируваат морето

од desk4
74 прегледи

  Грците почнаа да му се радуваат на договорот со Албанија, со кој на Грција и се отстапува 12 милји од своите територијални води на Јонско Море, пишува порталот Албеу.

Во текстот се посочува дека денеска грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјавил оти неговата земја ќе го зголеми својот морски територијален простор со отстапување од албанска страна на ексклузивни економски зони.

– Се ноаѓаме во еден многу значаен миг од историјата на нашиот народ. Многу набрзо ќе ги прошириме нашите морски територијални води со признавање на екслузивните економски зони, искористување на подводните богатства и нашата земја ќе влезе во нова ера, изјави Каменос.

Порталот наведува дека околу ова прашање премиерот Еди Рама со месеци преговара со Грција, преговори кои во поголемиот број се чуваат во тајност.

Дното на Јонско Море кон кое претендира Грција е богато со нафта и гас. Прво договор за отстапување дел од албанските морски води потпишаа во 2009 година тогашните шефови на албанската и грчката дипломатија, Љуљзим Баша и Дора Бакојани, но Уставниот суд на Албанија го прогласи за неуставен.