Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е загрижен за летната селекција, тврди „Кориере дело спорт“. Во оваа фаза само Пол Погба изгледа како сигурно ново засилување, а многу играчи си заминуваат и се уште не знаат не се знае како ќе бидат заменети. Си заминуваат Џорџо Киелини, Пауло Дибала, Федерико Бернардески и (најверојатно) Алваро Мората.
Предсезонските тренинзи на „бјанконерите“ започнуваат на 4 јули и најверојатно нема да бидат обезбедени идни засилувања во три недели до тој датум. Ситуацијата може да ја искомплицира и тоа што пристигна голема понуда за Матијас Де Лихт, а за него се заинтересирани неколку водечки клубови во Европа.
Алегри побара од управата да го забрза процесот на селекција и се надева дека ќе привлече повеќе играчи. Тој сака да привлече офанзивен крилен играч, но доцни трансферот на Анхел Ди Марија.
Стручњакот сака и централен играч за врска и бек.