Алегри ги прекина шпекулациите за Роналдо

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Залудно, светските медиуми шпекулираат со денови – Кристијано Роналдо не го напушта Јувентус, не сака да си оди и ќе биде во конкуренција за утрешниот натпревар со Удинезе.

Ова го потврди тренерот Масимилијано Алегри.

„Тој тренира добро, тој е дел од тимот … Ги читав насловите во медиумите, но вистината е дека тој никогаш не изразил желба да си замине. Секогаш ми велеше дека останува. Конечно да разјаснам се“, рече Алегри.

„Кориере дело спорт“ вчера објави дека Португалецот повеќе не е во центарот на новиот проект предводен од Алегри и дека му наредил на Жорже Мендеш да го спаси од Торино една година пред истекот на договорот.

Пред неколку дена, Роналдо остро демантираше на социјалните мрежи дека бара нов клуб.