Усен договор е постигнат утрово, промоцијата се очекува во наредните 24 часа, најдоцна за време на викендот: Масимилијано Алегри се враќа на местото на успехот, во Торино!
Бројни италијански медиуми објавуваат еден по друг дека веќе нема најмала дилема и дека е прашање на време кога „Старата дама“ ќе објави дека Андреа Пирло е „поранешен“, односно дека трофејниот стручњак се враќа на жешката клупа. По двегодишна пауза (се случи толку многу откако го напушти Торино), Алегри се враќа во игра. Реал Мадрид и Интер беа сериозно заинтересирани за неговите услуги. Дури се шушкаше дека мадриѓаните му испратиле официјална понуда од 10.000.000 евра по сезона („нероазурите“ наводно биле подготвени да одвојат малку помалку), но 53-годишниот стручњак сепак решил да се врати на местото, каде ги запиша најголемите успеси.
Еве ги првите детали. Според колегите од Апенините, Јуве започна силно да „притиска“ во последните денови и ја кревал понудата скоро на дневна основа, бидејќи се свесни дека има сериозни конкуренти во Интер и Реал. Претпоставка е дека Алегри се согласил на плата од осум до девет милиони евра и на договор што по три „задолжителни“ сезони ќе може да се продолжи на уште една.
Без оглед на разделбата во 2019 година, Алегри остана во добри односи со луѓето од Јувентус, па во моментите кога амбиентот во клубот не беше најдобар, новиот „брак“ можеби беше логичен редослед на настаните.
И за Алегри, бидејќи тој се враќа по долга пауза. И за клуб на кој му е потребна стабилност, односно човек кој многу добро ја познава ситуацијата одвнатре.
Макс Алегри е еден од најтрофејните експерти на денешницата. Во неговиот прв мандат со Јувентус, тој освои пет врзани титули, четири Купови на Италија по ред и два Суперкупа. Тој замина откако не успеа да му го донесе на клубот долгоочекуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Тој загуби двапати во финалето. Прво од Барселона, потоа од Реал Мадрид.
Враќањето на Алегри на клупата треба да биде почеток на радикални промени во клубот од Торино. Да потсетиме, долгогодишниот спортски директор Фабио Паратичи вчера официјално си замина, а се зборува и за замена на Андреа Ањели.