Алегри го напушта Јувентус на крајот од сезоната?

од Vladimir Zorba

Иако подолго време се шпекулираше, угледните медиуми во Италија објавија дека Масимилијано Алегри ќе ја напушти клупата на Јувентус на крајот од сезоната.

Иако Алегри има уште една година од договорот, неговиот агент претходно изјави дека доколку на трофејниот тренер не му биде понудено продолжување на соработката, тој нема да продолжи со Јувентус. Се чини дека раководството на Јувентус не е расположено за ваков потег, пренесуваат „Тутоспорт“ и „Газета.

Очајната форма на торинскиот гигант, кој уште пред еден месец беа претенденти за титулата, влијаеше на ваквата тешка одлука на раководството на Старата дама. А во следните осум натпревари забележа само една победа и падна од второто место.

Единствено што ја загрижува управата е фактот што поради отказот ќе треба да му платат на тренерот 20 милиони евра. Сепак, се очекува договор меѓу двете страни, па бидејќи претходно во име на Алегри беше кажано дека нема намера да остане без продолжување на договорот, а бидејќи зад аголот демне многу профитабилна понуда од Саудиска Арабија, договор е многу можен.

Слични содржини