Алегри го отстрани Бонучи од тимот поради изјава

од Nikola Popovski

На Јувентус оваа сезона не му оди најдобро на ниту едно поле, а кога е така сите меѓусебно се обвинуваат за лоши резултати. Сега на мета е капитенот Леонардо Бонучи, кој беше изоставен од последниот меч.

Гигантот од Торино е тема број еден во италијанските медиуми. За тамошните околности нереално звучи тоа што Јувентус пет кола по ред не може да забележи победа во Серија А, а врвот на незадоволството дојде викендов кога загуби од Монца со минимален резултат. Работата да биде уште полоша, ова е прва победа за Монца сезонава, а избраниците на Масимилијано Алегри не прикажаа никаква игра на тој меч.

Капитенот на тимот Леонардо Бонучи не одигра ниту една минута против Монца, а помошникот на Алегри, Марко Ландучи, кој зборуваше за медиумите по натпреварот, рече дека е изоставен поради „технички причини“.

Сепак, Газета дело Спорт пишува дека Алегри решил да го остави надвор од друга причина – поради изјавата што ја даде по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите.

„Загрижен сум за состојбата во која се наоѓаме, нема смисла да се негира. За жал, имаме тенденција да ја губиме нашата игра за време на натпреварите. Не знам зошто тоа се случува, но факт е дека тоа најмногу ме загрижува, повеќе од лошите резултати“, изјави Бонучи, јасно алудирајќи на проблемот со тренерската тактика.

Тоа не е крајот на проблемите на Бонучи, бидејќи навивачите на Јувентус објавија соопштение во кое велат дека тој никогаш не бил и нема да биде лидер на нивниот тим.

Слични содржини