Алегри го посочи ПСЖ како главен фаворит во ЛШ

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го именуваше Пари Сен Жермен за главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак тоа го направи пред гостувањето на неговиот тим во Париз на францускиот шампион на стартот на најсилниот турнир во Европа.

„За да излеземе од групата ќе ни требаат 10 бода. Според мене, Пари Сен Жермен е главен фаворит во оваа ЛШ. Ќе биде добар натпревар и решени сме да прикажеме добра игра од технички аспект. “, вети Алегри на прес-конференцијата пред мечот.

Минатата сезона ПСЖ беше исфрлен од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Јувентус испадна во истата фаза од турнирот од Виљареал.

Слични содржини